OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 331

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 329 „дофат на рака“, на пример, бидејќи очекува дека раскинувањето на неговиот договор со претпријатието Б ќе му овозможи да оствари заштеди на трошоци преку новиот договор за вршење производство со претпријатието В и дека актуелната вредност на овие очекувани заштеди на трошоци е поголема од износот на обесштетувањето. 9.120 Може да настане ситуација каде што претпријатието В е подготвено да го плати тој износ како надомест за влез за да го добие договорот за вршење производство со претпријатието А, на пример, ако актуелната вредност на очекуваната добивка што треба да се оствари од неговиот нов договор за вршење производство придонесува тој договор да биде вреден за инвестирање за претпријатието В. Во такви ситуации, плаќањето од страна на претпријатието В може да се организира на различни начини; на пример, претпријатието В може да му плати на претпријатието Б, претпријатието В може да му плати на претпријатието А или претпријатието В конструктивно му плаќа на претпријатието А, со тоа што тој ја исполнува обврската за обесштетување од претпријатието А до претпријатието Б. 9.121 Може да има случаи во кои, во согласност со принципот „дофат на рака“, претпријатијата А и В би биле подготвени да ги поделат трошоците за обесштетување. 9.122 Може да има и ситуации кога, ниту претпријатието А, ниту претпри­ јатието В, не се подготвени да ги поднесат трошоците за обесштетување „дофат на рака“, бидејќи ниту едно од нив не очекува дека од промената ќе оствари доволна корист. Може да се случи тоа раскинување на договорот да претставува дел од преструктурирањето на ниво на целата група за што одлука носи матичното претпријатие М, а со цел да оствари синергија на ниво на целата група, при што обесштетувањето за претпријатието Б го сноси претпријатието П во согласност со принципот „дофат на рака“ (освен, на пример, ако претпријатието Б, без оглед на тоа што неговиот договор бил раскинат или станал предмет на повторни преговори, не оствари полза од синергијата на ниво на целата група што го надминува трошокот што му го создава раскинувањето на договорот или повторното преговарање по истиот). ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ