OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 329

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 327 9.113 Слично прашање може да настане во случај кога едната страна презела активности на развој што резултирале со загуба или со ниско ниво на поврат во почетниот период, при што се очекува поврат над вообичаеното ниво во периодот што следи по раскинувањето на самиот договор. 9.114 Во случај кога условите утврдени или наметнати меѓу поврзаните претпријатија во однос на раскинувањето, необновувањето или на повторно преговарање во однос на нивните постојни аранжмани, се разликуваат од условите што би биле утврдени меѓу независни претпријатија, секоја добивка што би настанала за едно од овие претпријатија, но што не настанала поради постоењето на овие услови, може да се вклучи во вкупната добивка на тоа претпријатие и соодветно да се оданочи. Д.3 Дали правата поврзани со обесштетување се предвидени со трговското право или со судската практика 9.115 Кога се оценува дали условите за раскинување или за необновување на одреден постоечки аранжман се во согласност со принципот „дофат на рака“, корисни насоки можат да се најдат и во делот на важечкото трговско право. Актуелното трговско право или судска практика можат да понудат полезни информации во врска со правата во делот на обесштетувањето и во врска со општите и со конкретните услови што би се очекувале во случај на раскинување на одредени видови договори, на пример, договор за вршење дистрибутерски дејности. Според тие прописи, може да се случи страната на која ù е раскинат договорот да има право да бара обесштетување од суд B