OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 326

324 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА Д.2 Дали договорните условите, постоењето или непостоењето клаузула за обесштетување или друг вид гаранција (како и условите од таквата клаузула доколку истата постои) се во согласност со принципот „дофат на рака“ 9.106 Меѓу независни претпријатија, постојат договори што се раскинуваат, не се обновуваат или за кои се преговара, без никакво обесштетување. Бидејќи во случај на поврзани претпријатија може да не постојат истите разлики во интересите што постојат меѓу независните претпријатија, се поставува прашањето дали условите од договорот меѓу поврзани претпријатија се во согласност со принципот „дофат на рака“ односно дали независни претпријатија во споредливи услови би се решиле да склучат таков договор (на пример, договор во кој не е содржана клаузула за обесштетување или гаранција од каков било вид при раскинување, необновување или повторно преговарање). Онаму каде што податоците за споредливост укажуваат на постоење слична клаузула за обесштетување (или непостоење на таква клаузула) во споредливи околности, клаузулата за обесштетување (или непостоење на истата) во рамките на една контролирана трансакција ќе се смета за нешто што е во согласност со принципот „дофат на рака“. Но, во случаите кога не може да се обезбедат податоци за споредливи трансакции или претпријатија, при утврдувањето дали независните претпријатија би се согласиле со таква клаузула за обесштетување (или нејзино непостоење) треба да се земат предвид правата и другите средства на претпријатијата во моментот на склучување на договорот и на негово раскинување или на повторно преговарање по истиот, а како помош може да послужи анализата на опциите што реално им се достапни на страните.7 9.107 Кога се анализира дали условите од одреден договор се во согласност со принципот „дофат на рака“, можно е да е неопходно да се анализираат, како надоместот од трансакциите што се предмет на договорот, така и финансиските услови на самото раскинување, бидејќи обете може да се меѓусебно поврзани. Всушност, условите од клаузулата за раскинување (или нејзино непостоење) можат да претставуваат значаен елемент од функционалната анализа на трансакциите, а поконкретно на анализата на ризиците на страните, па затоа можат да се земат предвид кога се утврдува надоместот за трансакциите во согласност со принципот „дофат на рака“. Слично на ова, надоместот од трансакциите ќе влијае врз утврдувањето дали условите од раскинувањето на аранжманот се во согласност со принципот „вон дофат на арака“. 7 Да се погледне параграф 9.59 до 9.64 за дискусија околу реално достапните опции. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ