OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 325

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 323 • Дали условите од договорот и постоењето односно непостоењето клаузула за обесштетување или друг вид гаранција (како и условите на таа клаузула доколку истата постои) се во согласност со принципот „дофат на рака“ (да се погледне Дел Д.2 од натамошниот текст); • Дали со трговското право или судската практика се предвидени основи за право на обесштетување (да се погледне Дел Д.3 од натамошниот текст); и • Дали, во согласност со принципот „дофат на рака“, друга страна би била подготвена да ја обештети страната која трпи поради раскинувањето или поради повторното преговарање во однос на договорот (да се погледне Дел Д.4 од натамошниот текст). Д.1 Дали договорните услови што се раскинуваат, не се обновуваат или суштествено се менуваат, се формализирани во пишана форма и содржат клаузула за обесштетување 9.104 Во случаите каде што раскинатите, необновените или изменетите договорни услови се формализирани во пишана форма,6 појдовна основа при анализата треба да биде проверката дали биле испочитувани условите за раскинување, за необновување или за повторно преговарање околу конкретниот договор (на пример, во однос на условот за рок за претходно известување) и дали е обезбедена основа за клаузула во врска со обесштетувањето или друг вид гаранција во случај на раскинување, необновување или на повторно преговарање. Како што е наведено во параграф 1.53, во трансакциите меѓу независни претпријатија, разликите во интересите на страните гарантираат дека тие ќе настојуваат меѓусебно да се држат до условите на договорот и дека договорните услови ќе се игнорираат или ќе се изменат кога тоа ќе биде во интерес на обете страни. 9.105 Меѓутоа, можно е анализата на условите содржани во договорот меѓу поврзаните претпријатија да не е доволна од гледна точка на примена на трансферните цени, бидејќи самиот факт што во одреден раскинат, необновен или договор по кој повторно се преговара не се содржани основи за клаузула во врска со обесштетување или со гарантирање, не значи нужно дека ова е во согласност со принципот „дофат на рака“, како што станува збор во натамошниот текст. 6 Како што беше забележано во параграф 1.52, условите на една трансакција можат да се најдат и во преписката/комуникацијата меѓу страните, покрај пишаниот договор. Онаму каде што не постојат услови во пишана форма, заклучок за договорните релации меѓу страните мора да се изведе од нивното постапување и од економските принципи според кои обично се спро