OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 324

322 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА претрпи штета како на пример трошоци од преструктурирањето (на пример, отпис на средства, раскинување договори за вработување), трошоци поврзани со измени во работењето (на пример, со цел да се приспособи сопственото постојно работење кон потребите на купувачите) и/или загуба на потенцијалот за остварување на добивка. Кај деловните преструктурирања, доаѓа до значителни измени на постојните договорни услови, при што се менуваат соодветните профили на ризици кај страните, што пак има влијае врз распределбата на потенцијалот за остварување добивка меѓу нив. На пример, договорот за дистрибуција со преземање на ризиците од работењето се конвертира во договор за вршење дистрибуција со низок ризик или за комисион; договор за вршење производство со преземање на ризиците се претвора во договорно или во услужно производство. Во овие ситуации, се поставува прашањето дали независни претпријатија во слични околности би се согласиле да се исплати обештетување на преструктурираното претпријатие (и, доколку треба, на кој начин ваквото обесштетување треба да се утврди). 9.101 Повторното преговарање околу постојните договори понекогаш е придружено со пренос на права или на други средства. На пример, раскинувањето договор за вршење дистрибуција понекогаш е придружено со пренос на нематеријален имот. Во такви случаи, треба да се имаат предвид насоките од Дел Г и Д од овој дел од текстот. 9.102 За потребите на ова поглавје, поимот „обесштетување“ значи секаков вид на надоместување што може да се исплати за штетата што ја претрпело преструктурираното претпријатие, во форма на авансно плаќање, во форма на споделување на трошоците за преструктурирање, во форма на пониски (или повисоки) набавни (или продажни) цени во контекст на активностите по извршеното преструктурирање, или во која B