OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 321

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 319 развој, и производство; способност да се извршуваат активности што пред преносот ги извршувало претпријатие од кое се врши преносот; како и сите ресурси, својства и права. Утврдувањето на вредноста на одреден деловен потфат треба да ги одрази сите вредни елементи што во споредливи околности би биле предмет на надомест меѓу независни претпријатија. На пример, во случај на деловно преструктурирање кое вклучува пренос на одредена деловна единица каде што, меѓу останатото, спаѓаат и истражувачките капацитети екипирани со искусен истражувачки тим, утврдувањето на вредноста на тој деловен потфат треба да ја одрази, меѓу останатото, вредноста на капацитетот, како и вредноста (доколку ја има) на активната работна сила, утврдена согласност според принципот „дофат на рака“. 9.94 Утврдувањето на надомест во согласност со принципот „дофат на рака“ за преносот на еден деловен потфат не претставува секогаш еквивалент на збирот од посебни вредности на секој одделен елемент кој претставува составен дел на пренос. Поконкретно, доколку преносот на одреден деловен потфат се состои од повеќе истовремени преноси на меѓусебно поврзани средства, ризици или функции, можно е да биде неопходно вредноста на тие преноси да се утврдува врз агрегирана основа за да се оствари најверодостојна оцена на цената „дофат на рака“ за деловниот потфат. Методите за вреднување што се користат при зделките помеѓу независни страни за купување на едно претпријатие, можат да се бидат полезни при утврдувањето на вредноста на преносот на одреден деловен потфат меѓу поврзани претпријатија. 9.95 Пример е случајот каде што една производствена дејност, што порано ја вршело М1, претпријатие од ГМНП, се релоцира до друго претпријатие, М2 (на пример, заради остварување заштеди врз основа на локација). Да претпоставиме дека претпријатието М1 врши пренос до претпријатието М2 на своите машини и опрема, залихи, патенти, производствени процеси и стручни знаења (know-how), како и на своите најважни договори со добавувачи и со купувачи. Да претпоставиме дека неколку вработени на претпријатието М1 се релоцираат до претпријатието М2, со цел на претпријатието М2 да му се помогне да почне со вршењето на релоцираната произвоствена дејност. Да претпоставиме дека тој пренос се смета за пренос на деловен потфат доколку се одвива меѓу независни претпријатија. За да се утврди надоместот на пренос меѓу поврзаните претпријатија во согласност со принципот „дофат на рака“, тој пренос треба да се спореди со преносот на деловен потфат меѓу независни претпријатија, а не со пренос на одделни средства. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ