OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 319

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 317 Г.2.3 Локално нематеријално средство 9.89 Кога една локална деловна активност која претставува“целосна” операција се претвора во работење „со ограничен ризик, со ограничен нематеријален имот, со ниско ниво на надомест“, се поставуваат прашања дали оваа конверзија го содржи преносот на вреден нематеријален имот како на пример листи со купувачи, од страна на преструктурираното локално претпријатие до странско поврзано претпријатие и дали постои локален нематеријален имот кој останува кај локалното претпријатие. 9.90 Вослучајкогацелосендистрибутерсеконвертираводистри­бутерсо ограничен ризик или во комисионер, важно да се оцени дали дистрибутерот, во годините пред да се преструктурира, развил локално маркетиншко нематеријално средство и, доколку е така, каква е вредноста и природата на овие нематеријални средства и дали истите се пренесуваат до поврзано претпријатие. Доколку се заклучи дека вакви локални нематеријални средства постојат и се пренесени до странско поврзано претпријатие, треба да се примени принципот „дофат на рака“ за да се утврди дали и на кој начин треба да се надомести ваквиот пренос, а врз основа на она што во споредливи околности би се договорило меѓу независни претпријатија. Од друга страна, доколку се заклучи дека постојат локални нематеријални средства и дека остануваат кај преструктурираното претпријатие, истите треба да се земат предвид во функционалната анализа на активностите по извршеното преструктурирање. Ова соодветно може да вл B