OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 315

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 313 утврдувањето на нивната вредност. Идентификувањето може да биде комплексно бидејќи вредните нематеријални средства не се секогаш законски заштитени и регистрирани и бидејќи во сметководствената евиденција не се евидентираат сите нематеријални средства кои поседуваат вредност. Во релевантните нематеријални средства потенцијално можат да спаѓаат права на користење индустриска сопственост како патенти, заштитени трговски марки, трговски називи, дизајни или модели, како и авторски права за книжевни, уметнички или за научни дела (вклучувајќи и софтвер) и интелектуална сопственост, како стручни знаења (knowhow) и деловни тајни. Овде можат да спаѓаат и листи со купувачи, дистрибутивни канали, уникатни називи, симболи или слики. Еден од суштествените делови од анализата на едно деловно преструктурирање е да се идентификуваат значајните нематеријални средства кои се трансферираат (доколку има), потоа дали овој трансфер би бил предмет на надомест од страна на независни страни, и која е неговата вредност во согласност со принципот „дофат на рака“. 9.81 При утврдувањето на цената „дофат на рака“ за пренос на право врз нематеријални средства, предвид треба да се имаат, како перспективата на претпријатието од кое се врши преносот така и перспективата на претпријатието до кое се врши преносот (да се погледне параграф 6.14). При тоа влијаат повеќе фактори меѓу кои и износот, времетраењето и ризичноста на очекуваните поволности од непосредната примена на нематеријалните средства, потоа природата на правото врз средствата и ограничувањата што евентуално можат да се поврзат со средствата (ограничувања за начинот на кој тие нематеријални средства може да се користат или непосредно да се употребуваат, географски ограничувања, временски ограничувања), степенот и преостанатото времетраење на нивната законска заштитеност (доколку таква постои), како и каква било клаузула за ексклузивитет што може да се поврзе со правото. Утврдувањето на вредноста на нематеријалните средства може да биде комплексна и несигурна задача. Општите насоки во врска со нематеријалниот имот и со СУТ што се наоѓаат во Поглавје VI и VIII можат да се применат во контекст на деловните преструктурирања. Г.2.1 Отуѓување на нематеријални права од локално претпријатие до централна локација (странско поврзано претпријатие) 9.82 Деловните преструктурирања понекогаш вклучуваат трансфер на нематеријални средства што претходно биле во сопственост и со кои претходно управувало локално претпријатието односно локални ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ