OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 314

312 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА да се определи трансферната цена во согласност со принципот „дофат на рака“ за залихите од конверзијата. Оваа ситуација настанува каде што постои премин од еден до друг деловен модел. Принципот „дофат на рака“ се применува за трансферите на залихи меѓу поврзани претпријатија кои се наоѓаат во различни даночни јурисдикции. Изборот на соодветниот метод за примена на трансферните цени зависи од анализата на споредливоста (вклучувајќи ја и функционалната анализа) на страните. Можно е функционалната анализа да мора да опфати преоден период во текот на кој се реализира преносот. На пример, во претходно наведениот случај: • Една можност за определување на цената во согласност со принципот „дофат на рака“ за суровините и за готовите производи, е таа да се определи врз основа на споредливи неконтролирани цени, до степен до кој тие цени можат да ги исполнат факторите на споредливост односно доколку условите од неконтролираната трансакција се споредливи со условите на трансферот што се одвива во контекст на преструктурирањето. • Друга можност би била трансферната цена за готовите производи да се определи како трговска цена до купувачот, минус надоместот во согласност со принципот „дофат на рака“ за функциите маркетинг и дистрибуција, што допрва треба да се извршат. • Следна можност би била да се тргне од трошоците за производство и да се додаде маржа во согласност со принципот „дофат на рака“ за да му се надомести на производителот за функциите што ги извршил, средствата што ги искористил и за ризиците што ги презел во однос на овие залихи. Меѓутоа, постојат случаи каде што пазарната вредност на залихите е премногу ниска за елементот на добивка да може да се додаде на трошоците во согласност со принципот„дофат на рака“. 9.79 Изборот на соодветен метод за примена на трансферни цени делумно зависи од тоа кој дел од трансакцијата е помалку комплексен за да може неговата вредност да се утврди со поголема сигурност (функциите што ги извршил, средствата што ги искористил и ризиците што ги презел производителот, или функциите на маркетинг и на вршење продажба што останува да се извршат, при што