OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 309

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 307 кое поседува вредност, како што станува збор во Дел Г од натамошниот текст, и/или од раскинување на постојните аранжмани или од повторни преговори околу постојните договори, како што станува збор во Дел Д. Општи насоки околу аспектите на ризиците во делот на трансферните цени можат да се најдат во Дел I од ова поглавје. 9.70 Пример може да претставува преминувањето на еден целосен производител во договорен производител. Во таков случај, иако наградата заснована на цената на чинење зголемена за вообичаена заработувачка може да претставува надомест за спроведување на активностите на договорно производство по преструктурирањето кој е во согласност со принципот „дофат на рака“, друго прашање е дали треба да постои обесштетување во согласност со принципот „дофат на рака“ за менувањето на постојните аранжмани, што резултира со отстапување на производителот од поризичниот потенцијал за остварување добивка, земајќи ги предвид неговите права и другите средства. 9.71 Како друг пример, да претпоставиме дека еден дистрибутер работи на сопствен ризик врз основа на долгорочен договор за даден вид трансакција. Да претпоставиме дека, врз основа на неговите права според долгорочниот договор во однос на тие трансакции, дистрибутерот има реално достапна опција, да прифати или да одбие да биде претворен во дистрибутер со ниско ниво на ризик кој работи за странско поврзано претпријатие и дека, според процените, надоместот во согласност со принципот „дофат на рака“ за таква активност на дистрибуирање со низок степен на ризик претставува стабилна добивка од +2% на годишно ниво, додека вишокот на потенцијал за остварување добивка поврзан со ризиците сега би му се припишал на поврзаното претпријатие во странство. За потребите на овој пример, да претпоставиме дека тоа преструктурирање би се реализирало исклучиво по пат на повторни преговори околу постојниот договор, при што не се одвива никаков пренос на средства. Од гледна точка на дистрибутерот, прашањето кое се поставува е дали новиот договор (ако се земат предвид надоместот за трансакциите по преструктурирањето и било кој надомест за самото преструктурирање) ќе биде исто толку добар или пак подобар од неговите постојни, иако поризични алтернативи. Доколку тоа не е случај, тоа би значело дека цената во договорот по преструктурирањето е погрешно утврдена или дека ќе биде потребен дополнителен надомест за соодветно да му се надомести на дистрибутерот за преструктурирањето. Од гледна точка на странското поврзано претпријатие, се јавува пр