OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 308

306 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА повторно преговарање во врска со постојните договори - и дали надомест за преносот, раскинувањето или за повторното преговарање би се остварил меѓу независни претпријатија во споредливи околности. За овие две ситуации подетално станува збор во Дел Г и Д од натамошниот текст. 9.66 Во овие Насоки, „потенцијал за остварување добивка“ значи „очекувана идна добивка“. Во некои случаи, овде можат да бидат содржани и загуби. Концептот „потенцијал за остварување добивка“ често се користи за целите на вреднување, при утврдувањето на надоместот „дофат на рака“ за одреден промет со нематеријален имот или на деловен потфат, или при утврдување на обесштетувањето во согласност со принципот „дофат на рака“ во случај на раскинување или повторно преговарање во однос на постојните договори, откако ќе се заклучи дека ваков надомест или обесштетување би се случиле меѓу независни претпријатија во споредливи околности. 9.67 Во контекст на деловните преструктурирања, поимот „потен­ цијал за остварување добивка“ не треба да се толкува едноставно како добивки/загуби што би настанале кога договорот кој постоел пред пре­ струк­ урирањето би продолжил да се применува неограничено. Од една т страна, доколку претпријатието во моментот на преструктурирање не поседува права и/или друг имот што можат едноставно да се определат, тоа претпријатие не поседува потенцијал за остварување добивка што може да биде предмет на надомест. Од друга страна, претпријатието кое во моментот на преструктурирање поседува значителни права и/ или друг имот, можеби поседува значителен потенцијал за остварување добивка, што на крајот мора соодветно да се надомести за да се оправда откажувањето од потенцијалната добивка. 9.68 За да се утврди дали, во согласност со принципот „дофат на рака