OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 307

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 305 одлучила дека е поповолно да престане да ја користи функцијата, да ја обавува самостојно, да ангажира поевтин или поефикасен давател (во случај на примател), или да побара подоходовни можности (во случај на давател). Во случај преструктурираното претпријатие да пренесе права или други средства или одреден деловен потфат на другата страна, тој сепак може да оствари надомест за таквиот пренос, како што станува збор во Дел Г од натамошниот текст. 9.63 Принципот „дофат на рака“ налага потреба од оцена на условите што се утврдуваат или се наметнуваат меѓу поврзаните претпријатија, на ниво на секој од нив одделно. Фактот дека мотив за прекуграничното прегрупирање на функциите, средствата и/или на ризиците можат да бидат основани комерцијални причини на ниво на ГМНП, на пример, со цел да се направи обид да се воспостави синергија на ниво на целата група - не дава одговор на праша