OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 305

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 303 овозможило поголемо централизирање на контролата и управувањето со функциите производство, истражување и дистрибуција. Значајни фактори што би претставувале поттик за покренување деловни преструктурирања се притисокот од конкуренцијата во глобализирана економија, заштедите од економиите на обем, потребата за специјализирање, како и потребата да се зголеми ефикасноста и да се намалат трошоците. Кога очекуваната синергија е важна деловна причина за преструктурирањето на даночниот обврзник, во моментот кога се носи одлука за преструктурирањето или кога истото се спроведува, добра практика би претставувало документирање на тоа што претставува очекуваната синергија и врз кои претпоставки истата се очекува да настане. Ваков вид документирање обично се создава на ниво на група за други потреби, а не за потребите на оданочување, а како поткрепа на процесот во кој се носи одлука за почеток на преструктурирањето. За потребите во контекст на член 9, за даночниот обврзник е добра практика да документира на кој начин оваа очекувана синергија влијае на ниво на претпријатието при примената на принципот „дофат на рака“. Освен тоа, доколку очекуваната синергија може да биде релевантна за разбирање на деловното преструктурирање, мора многу да се внимава да се избегне примената на ретроактивно согледување во анализите кои се прават ex post (да се погледне параграф 3.74). 9.58 Фактот што деловното преструктурирање може да биде мотивирано од очекуваната синергија не мора нужно да значи дека добивката на ГМНП фактички ќе се зголеми по преструктурирањето. Може да се случи зголемената синергија на ГМНП да ù овозможи на групата да оствари дополнителна добивка која не би се остварила во иднина доколку не би дошло до преструктурирање, но и не мора нужно да се оствари дополнителна добивка во споредба со ситуацијата пред преструктурирањето, како на пример, кога преструктурирањете е потребно за да се задржи конкурентноста, а не истата да се зголеми. Очекуваната синергија не се остварува односно материјализира секогаш - можни се случаи каде што имплементацијата на глобален деловен модел осмислен да создаде поголема синергија на ниво на групата, фактички да доведе до дополнителни трошоци и помала ефикасност. Б.3 Други опции што реално им се достапни на страните 9.59 Примената на принципот „дофат на рака“ се темели врз концептот дека, при проценувањето на условите на една потенцијална трансакција, независните претпријатија таа трансакција ја споредуваат со други опции кои реално им се достапни и дека би ја спровеле трансакцијата само доколку не постои ниту една друга алтернатива која е поповолна. Со други зборови, независните претпријатија би спровеле одредена трансакција ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ