OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 304

302 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА 9.54 За да се определи надоместот во согласност со принципот „дофат на рака“, што треба да се плати при преструктурирањето на кое било преструктурираното претпријатие во рамките на ГМНП, како и членката на групата што треба да го плати тој надомест, важно е да се идентификува трансакцијата или трансакциите што настануваат меѓу преструктурираното претпријатие и една или повеќе членки на групата. Дел од оваа анализа најчесто е идентификувањето на функциите, средствата и на ризиците, пред и по преструктурирањето. Може да биде значајно да се оценат правата и обврските на преструктурираното претпријатие во согласност со договорот кој важел пред преструктурирањето (вклучувајќи ги, во релевантни околности, и правата и обврските што постојат во согласност со договорот и со трговското право) и на начинот и степенот до кој овие права и обврски се менуваат како резултат од преструктурирањето. 9.55 Секоја оцена на правата и на обврските на преструктурираното претпријатие мора да се темели врз барањето тие права и обврски да ги одразуваат економските принципи кои ги регулираат односите меѓу независните претпријатија (да се погледне параграф 1.52 и 1.53). На пример, можно е преструктурираното претпријатие во моментот на преструктурирањето, правно да биде обврзано со краткорочен договор или со договор кој може да се раскине во кој било момент. Меѓутоа, фактичкото постапување на претпријатието во годините или во децениите пред самото преструктурирање може да биде индикација за постоење на долгорочен договор, па оттука и за права што се поголеми од правата на кои се предвидени со формално правниот договор. 9.56 Доколку не постојат податоци за правата и за обврските во некоја споредлива ситуација, може да биде потребно да се утврди кои права и обврски би се спровеле кога страните меѓусебно би вршеле трансакции во согласност со принципот „дофат на рака“. При таква проценка, мора да се избегнува примената на ретроактивно согледување (да се погледне параграф 3.74). Б.2 Разбирање на деловните причини за спроведување на преструктурирањето и на очекуваните поволности од спроведеното преструктурирање, вклучувајќи ја и улогата на синергијата 9.57 Претставниците на деловната заедница вклучени во консултативниот процесот спроведен во организација на ОЕЦД објаснија дека без оглед на производите што ги нудат или секторите во кои дејствуваат, МНП имаат сè поголема потреба да се реорганизираат, што би ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ