OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 303

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 301 се оцени веродостојноста на самата споредба и, доколку има потреба и можност, да се утврдат реално прецизни приспособувања заради остварување споредливост, со цел да се елиминираат материјалните ефекти од разликите кои евентуално постојат меѓу ситуациите што се споредуваат. 9.52 Во некои случаи, не можат да се најдат споредливи неконтролирани трансакции за одредена трансакција што е дел од преструктурирањето. Ова само по себе не значи дека преструктурирањето не е во согласност со принципот „дофат на рака“, меѓутоа и натаму како неопходно останува да се утврди дали тоа преструктурирање е во согласност со споменатиот принцип.3 Во такви случаи, полезен извор на информации за утврдувањето дали може да се очекува независните претпријатија да се согласат со истите услови во споредливи околности може да биде и анализата на: • трансакциите на преструктурирањето и на функциите, средствата и ризиците пред и по преструктурирањето (да се погледне Дел Б.1); • деловните причини за преструктурирањето и очекуваните користи од преструктурирањето, вклучувајќи ја и улогата на синергии (да се погледне Дел Б.2); • опциите што реално им се расположливи на страните (да се погледне Дел Б.3). Б.1 Идентификување на трансакциите во рамки на преструктурирањето: функции, средства и ризици, пред и по преструктурирањето 9.53 Преструктурирањето може да се јави во најразлични форми и да опфати само две или повеќе од две членки од ГМНП. На пример, едноставен договор кој бил во сила пред преструктурирањето може да вклучува еден целосен производител што произведува стоки и ги продава до поврзан целосен дистрибутер за натамошна продажба односно пласман на пазарот. Со п FB