OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 301

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 299 9.46 Во однос на методот на трансферни цени што се користи за проверка на цените, маржите или на добивката од трансакцијата, тој треба да биде најсоодветниот метод за трансферни цени во однос на околностите на конкретниот случај (да се погледне параграф 2.2). Поконкретно, методот треба да биде конзистентен со алокацијата на ризикот меѓу страните (под услов таа алокација на ризикот да е во согласност со принципот „дофат на рака“), бидејќи алокацијата на ризици е еден од многу важните делови на функционалната анализа на трансакцијата. Значи, изборот на најсоодветен метод на трансферни цени ќе биде условен од ниското (или високото) ниво на ризик на бизнисот - а не обратно. Во Дел III од ова поглавје опфатен е надоместот во согласност со принципот „дофат на рака“ за аранжманите што се реализираат по извршеното преструктурирање. В. Прашања поврзани со исполнувањето на законските обврски 9.47 За даночните обврзници добра практика претставува утврдувањето на процес со кој ќе ги воспоставуваат, следат и ревидираат своите трансферни цени, земајќи ги предвид обемот на трансакциите, нивната комплексност, нивото на вклучен ризик и дали самите трансакции се извршуваат во стабилно опкружување или во опкружување што се менува (да се погледне параграф 3.80 до 3.83). Процесот со кој се оценува доследноста на алокацијата на ризици од страна на даночниот обврзник со принципот „дофат на рака“ може да биде комплексен и скап. Реално е да се очекува степенот и деталноста на анализата да зависат од: • материјалноста на ризикот, а особено од тоа дали ризикот со себе носи значителен потенцијал за остварување добивка; и • дали настанале значајни промени при алокацијата на ризици, како на пример, значајна промена на висината на ризиците како еден од резултатите на преструктурирањето. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ