OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 300

298 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА • Каков е историјатот на загуба при транзит (доколку залихите не се осигурени)? 9.43 Сметководствените извештаи можат да содржат полезни информации во врска со веројатноста од одредени ризици и со нивниот обем (на пример, ризици од ненаплатливи побарувања, ризици поврзани со залихи), но постојат и економски значајни ризици што е можно да не се евидентираат како такви во финансиските извештаи (на пример, пазарните ризици). Б.3.2 Може ли примената на еден метод на трансферни цени да создаде опкружување со ниско ниво на ризик? 9.44 Релацијата меѓу изборот на конкретен метод за трансферни цени и нивото на ризик што останува кај претпријатието чиј надомест се определува со примена на тој метод претставува прашање кое е значајно во контекст на деловното преструктурирање. Бидејќи еден аранжман се надоместува со примена на методот на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка или методот на трансакциска нето-маржа, со што се гарантира одредено ниво на бруто или нето-добивка за една од страните, често се смета дека таа конкретна страна дејствува во опкружување со ниско ниво на ризик. Во оваа смисла, треба да се прави разлика меѓу одредбите за цените според кои договорно се утврдуваат цените и другите финансиски услови за една трансакција, и методот на трансферни цени што се користи за да се провери дали цената, маржата или добивката од конкретната трансакција се во согласност со принципот „дофат на рака“. 9.45 Во однос на горенаведеното, условите под кои едната страна во трансакцијата добива надомест не можат да се игнорираат кога се оценува ризикот што го носи таа страна. Во суштина, договорните услови во врска со цените можат директно да влијаат врз алокацијата на одредени ризици меѓу страните и, во некои случаи, може да создаде опкружување со ниско ниво на ризик. Н B