OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 299

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 297 на средства (на пример, од вреднувањето на залихите) и/или од книжењето на резервации во однос на тие вредности, доколку се релевантни, во согласност со примената на релевантните домашни сметководствени и даночни прописи; и в) општо земено, да ù биде надоместено преку зголемување на очекуваниот поврат (да се погледне параграф 1.45). 9.40 При реалокацијата на ризици меѓу поврзаните претпријатија можат да настанат позитивни и негативни ефекти за претпријатието од кое се врши пренос и за претпријатието до кое се врши пренос на ризикот. Од една страна, како резултат од преносот, можните загуби и можните обврски можат да се префрлат врз претпријатието до кое се врши пренос. Од друга страна, можно е претпријатието до кое се врши преносот да го реализира очекуваниот поврат поврзан со ризикот што се пренесува. 9.41 Важно е да се оцени дали ризикот е економски значаен односно дали со себе носи значителен по