OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 298

296 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА од чување прекумерни залихи во моментот кога носи одлуки во врска со количествата производи што ги откупуваат дистрибутерите. Во таков случај, би се почитувала алокацијата на ризикот, а можеби би имало потреба и од приспособување заради остварување споредливост, со цел да се елиминираат ефектите од каква било суштинска разлика меѓу контролираната и неконтролираната трансакција при нивната меѓусебна споредба. 9.38 Претпоставка е дека даночната администрација смета дека договорите што даночниот обврзник ги склучил во однос на своите контролирани трансакции, а особено договорот за алокација на ризикот од чување прекумерни залихи до производителот, се разликуваат од договорите што би биле прифатени од страна на независни претпријатија што се однесуваат на комерцијално рационален начин. Дополнително, во споредливи околности, производителот не би се согласил во ситуација која е во согласност со принципот „дофат на рака“ да преземе значителен ризик од чување прекумерни залихи со тоа што, на пример, ќе се согласи повторно да ги откупи по полна цена од дистрибутерите сите непродадени залихи. Во таков случај, даночната администрација ќе настојува да дојде до решение преку приспособување на цените. Меѓутоа, во исклучителни околности, кога не може да се постигне разумно решение со приспособување на цените, даночната администрација може да ги реалоцира последиците од алокацијата на ризици до поврзаните дистрибутери, во согласност со насоките од параграф 1.47 до 1.50 (на пример, со оспорување на обврската на производителот повторно да ги откупи непродадените залихи по полна цена) доколку алокацијата на тој ризик е еден од факторите на споредливост што влијаат врз контролираната трансакција што се анализира. Б.3 Кои се последиците од алокацијата на ризиците Б.3.1 Ефекти од алокацијата на ризици што се признава за даночни потреби 9.39 Општо земено, кога ризикот поврзан со одредена контролирана трансакција е во согласност со принципот „дофат на рака“ и се алоцира до една страна, таа страна треба: а) да ги сноси трошоците, доколку ги има, од управувањето со ризикот (интерно или со користење поврзани или независни даватели на услуги) или од намалувањето на ризикот (на пример, трошоци за хеџинг или за осигурителна премија); б) да ги сноси трошоците што можат да настанат од реализацијата на ризикот. Тука спаѓаат и очекуваните ефекти од вреднувањето ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ