OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 297

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 295 економска суштина, што се утврдува врз основа на постапувањето на страните, и дали тие услови се во согласност со принципот „дофат на рака“. Да претпоставиме дека, во конкретниот случај, несомнено е дека фактичкото однесување на страните е конзистентно со договорните услови односно производителот фактички го сноси ризикот од чување прекумерни залихи во своите контролирани трансакции со поврзаните дистрибутери. 9.35 При утврдувањето дали договорната алокација на ризикот е во согласност со принципот „дофат на рака“, даночната администрација прове­ува дали постојат податоци од споредливи неконтролирани р трансакции како поткрепа на алокацијата на ризик во контролираните трансакции на производителот. Доколку такви податоци постојат, без разлика дали доаѓаат од интерни или од екстерни споредливи трансакции, нема причина да се доведе во прашање алокацијата на ризици во рамките на контролираните трансакции на даночниот обврзник. 9.36 Претпоставка е дека не постојат податоци од интерни или од екстерни споредливи неконтролирани трансакции како поткрепа на алокацијата на ризици во рамките на контролираните трансакции на производителот. Како што беше забележано во параграф 1.69, фактот што независните претпријатија не ги алоцираат ризиците на ист начин како даночниот обврзник во неговите контролирани трансакции, не е доволен за да не се признае алокацијата на ризици во рамките на контролираните трансакции, меѓутоа, тој би можел да претставува причина подетално да се анализира економската логика на склучената контролирана спогодба за дистрибуција. Во таков случај, неопходно е да се утврди дали договорната алокација на ризици во рамките на контролираните трансакции би била договорена во ситуација „дофат на рака“. Еден од факторите што може да помогне да се утврди овој аспект е анализата на тоа која страна односно кои страни поседуваат поголема контрола врз ризикот од чување прекумерни залихи (да се погледне параграф 1.49 и 9.22 до 9.28 од претходниот текст). Како што беше спомнато во параграф 9.20, во трансакциите во согласност со принципот „дофат на рака“, уште еден фактор што може да влијае врз алокацијата на ризикот до независна страна, е нејзиниот финансиски капацитет да го преземе тој ризик што го поседува во моментот на алокација на ризикот. 9.37 Може да се случи, и покрај непостоењето споредливи неконтролирани трансакции кои ја поткрепуваат истата алокација на ризици како таа што постои во рамките на контролираната трансакција на даночниот обврзник, да се заклучи дека таква алокација на ризици поседува економска суштина и е комерцијално оправдана, на пример, бидејќи производителот поседува релативно повеќе контрола врз ризикот ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ