OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 296

294 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА Утврдување дали алокацијата на ризици во рамките на контролирана трансакција е изведена во согласност со принципот „дофат на рака“ Постојат ли веродостојни податоци за слични алокации на ризици во споредливи неконтролирани трансакции? Алокацијата на ризици во контролираната трансакција е изведена согласно принципот „дофат на рака“ Да Не Да се побараат информации за фактичкото постапување на независни претпријатија Дали алокацијата на ризици е таква што би можела да се очекува како договор меѓу независни претпријатија во споредливи околности? Релевантни, иако не решавачки, фактори: - Која страна има поголема контрола врз ризикот? - Дали ризикот е алоциран до страна која поседува финансиски капацитет да го преземе? Доколку нема такви податоци, да се определи дали конкретната алокација на ризици е од оној вид што би бил договорен меѓу независни претпријатија во споредливи околности Б.2.3 Разлика меѓу спроведувањето на усогласување заради постигнување споредливост и непризнавањето на алокацијата на ризици во рамките на контролирана трансакција2 9.34 Разликата меѓу спроведувањето на приспособување заради постигнување споредливост и непризнавањето на алокацијата на ризици во рамките на една контролирана трансакција, може да се илустрира низ следниов пример, кој е доследен со примерот од параграф 1.69. Да претпоставиме дека производителот од земјата А има поврзани дистрибутери во земјата Б. Да претпоставиме дека даночната администрација од земјата А ги проверува контролираните трансакции на производителот, а особено алокацијата на ризикот од чување прекумерни залихи меѓу производителот и неговите поврзани дистрибутери во земјата Б. Се претпоставува дека, во конкретниот случај, ризикот од чување прекумерни зали FB