OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 295

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 293 во една ваква ситуација, можно е фактички ризикот да мора да го сноси претпријатието од кого се пренесува ризикот, матичното претпријатие, доверителите или некоја друга страна, зависно од фактите и од околностите на конкретниот случај, без оглед на условите од договорот со кој првично тој ризик бил пренесен на претпријатието врз кое се пренесува ризикот. 9.31 Ова може да се илустрира на следниов начин. Да претпоставиме дека претпријатието А има одговорност за своите производи кон купувачите, и склучува договор со претпријатието Б, според кој, претпријатието Б ќе го обесштети претпријатието А за секое побарување што може да настане во врска со неговата одговорност за штета. Ризикот договорно се пренесува од претпријатието А врз претпријатието Б. Сега, да претпоставиме дека, во моментот на склучување на договорот, претпријатието Б не поседува финансиски капацитет за преземање на ризикот односно се очекува дека претпријатието Б нема да поседува капацитет да го обесштети претпријатието А доколку настане