OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 293

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 291 да носи секојдневни инвестициски одлуки, не го пренесува секогаш и инвестицискиот ризик врз тоа лице. 9.26 Како друг пример, да претпоставиме дека еден налогодавач со договор ангажира истражувач кој врши истражување за негови потреби. Да прет­ оставиме дека, според овој договор меѓу двете страни, п налогодавачот го сноси ризикот од неуспех на истражувањето и дека, во случај на успешност на истото, тој ќе биде сопственик на резултатот од истражувањето, додека на истражувачот ангажиран по договор му се распределува одреден гарантиран надомест без оглед на тоа дали истражувањето ќе се покаже како успешно или како неуспешно и тој соодветно не поседува никакво право на сопственост врз резултатот од истражувањето. Иако секојдневното истражување го врши научниот кадар на истражувачот ангажиран по договор, од налогодавачот се очекува да донесе неколку релевантни одлуки со цел да го контролира својот ризик, како на пример: одлуката да го ангажира (или да го раскине договорот со) тој конкретен договорен истражувач, одлуката за видот на истражувањето што треба да се спроведе и за неговите цели, и одлуката во врска со буџетот што ќе се распредели за договорниот истражувач. Освен ова, од договорниот истражувач обично се очекува редовно да доставува извештаи до налогодавачот односно нарачателот, на пример, во врска со претходно зацртани цели. Од нарачателот се очекува да е во состојба да го оцени резултатот од истражувачките активности. Сопствениот оперативен ризик на истражувачот по договор, на пример, ризикот од загуба на купувач или ризикот дека ќе мора да плати парична казна во случај на небрежност, се разликува од ризикот од неуспех што е на товар на нарачателот. 9.27 Во третиот пример, да претпоставиме дека нарачателот ангажира договорен производител кој за негови потреби ќе создава производи, со примена на технологија што му припаѓа на нарачателот. Да претпоставиме дека страните се договориле оти нарачателот на договорниот производител му гарантира дека ќе откупи 100% од неговите производи што тој ќе ги произведе во согласност со техничките спецификации и со дизајните што му ги обезбедува нарачателот и според план за производство, каде што се утврдуваат количествата на создадените производи и временската динамика на испораката на производите, додека на договорниот производител му се распределува гарантиран надомест без оглед на тоа дали и по која цена нарачателот ќе може производите да ги препродаде на пазарот. Иако секојдневното производство ќе го вршат вработените на производителот ангажиран по договор, од нарачателот ќе се очекува да донесе неколку релевантни одлуки за да може да го контролира својот ризик поврзан со пазарот и со залихите, како на пример: одлуката да го ангажира (или да го раскине договорот со) тој конкретен договорен производител, ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ