OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 291

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 289 имаат соодветни насоки, со цел што е можно повеќе да се ограничат несигурноста и ризиците од двојно оданочување што може да настанат. Релевантен, но не и решавачки фактор е да се утврди која страна односно кои страни поседуваат поголема контрола врз ризикот, како што станува збор во параграф 9.22 до 9.28 од натамошниот текст. Во трансакциите во согласност со принципот „дофат на рака“, друг фактор што може да влијае врз подготвеноста на независното претпријатие да преземе одреден ризик е неговата финансиска способност односно“финансискиот капацитет” да го преземе тој ризик, како што станува збор во параграф 9.29 до 9.32. Освен идентификувањето на овие два релевантни фактора, не е возможно да се дефинираат критериуми со кои ќе се обезбеди сигурност во сите ситуации. Затоа, кога се определува дека алокацијата на ризиците во рамките на конкретна контролирана трансакција може да претставува алокација што би била договорена меѓу независни претпријатија, заклучокот треба да се изведе со голема претпазливост имајќи ги предвид фактите и околностите од секој случај одделно. 9.21 Примената на поимите „контрола врз ризиците“ и „финансиски капацитет за преземање на ризиците“ нема за цел да постават стандард во согласност со член 9 од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД според кој би се заклучило дека ризиците секогаш ги следат функциите на капиталот и на луѓето. Аналитичката рамка според член 9 се разликува од Одобрениот пристап на ОЕЦД што беше разработен според член 7 од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД. Б.2.2.1 Алокација на ризикот и контрола на ризикот Релевантност на концептот „контрола“ 9.22 За релацијата меѓу алокацијата на ризици и контролата врз ризиците, како еден од факторите што се релевантни за економската суштина, станува збор во параграф 1.49. Констатацијата во тој параграф се темели врз искуства. Во услови на непостоење споредливи трансакции што би послужиле како доказ за доследноста на алокацијата на ризици во рамките на една контролирана трансакција со принципот „дофат на рака“, истражувањето за тоа која од страните поседува поголема контрола врз ризикот може да претставува релевантен фактор што ќе помогне да се утврди дали, во споредливи околности, независни претпријатија би се