OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 290

288 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА Б.2 Определување дали алокацијата на ризици во контролираната трансакција е во согласност со принципот „дофат на рака“ 9.17 Релевантни насоки за анализата на ризиците во контекст на функционалната анализа, можат да се најдат во параграф 1.47 до 1.51. Б.2.1 Улогата на споредливите трансакции 9.18 Онаму каде што, врз основа на податоците, може да се докаже дека постои слична алокација на ризиците во споредливи неконтролирани трансакции, договорната алокација на ризиците меѓу поврзаните претпријатија се смета дека е во согласност со принципот „дофат на рака“. Во оваа смисла, податоци за споредливите трансакции можат да се најдат во трансакцијата меѓу едната страна во контролираната трансакција и друга независна страна („интерна споредлива трансакција“) или во трансакција меѓу две независни претпријатија, од кои ниту едно не е страна во контролирана трансакција („екстерна споредлива трансакција“). Изнаоѓање на споредливи трансакции со цел да се направи оцена на усогласеноста на алокацијата на ризици со принципот „дофат на рака“, обично се врши заедно со општа анализа на споредливоста на трансакциите со кои е поврзан конкретниот ризик. Податоците за споредливите трансакции се користат за оцена на доследноста на контролираната трансакција со принципот „дофат на рака“, вклучувајќи ја и алокацијата на значајните ризици во споменатата трансакција