OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 29

ПОИМНИК – 27 услуга, како и нематеријално право кое, самото по себе, претставува деловен имот што се пренесува до клиентите или се користи во вршењето на деловните активности. Контролирани трансакции Трансакции меѓу две претпријатија што претставуваат поврзани претпри­атија во меѓусебните односи. ј Корективно усогласување Усогласување со кое даночниот обврзник пријавува дадена трансферна цена за даночни цели која, според даночниот обврзник, претставува цена која е во согласност со принципот „дофат на рака“ за одредена контролирана трансакција, иако оваа цена се разликува од износот што фактички бил наплатен меѓу поврзаните претпријатија. Ова усогласување односно приспособување се прави пред да се поднесе даночната пријава. Кореспондентно приспособување Приспособување на даночната обврска на поврзаното претпријатие во втората даночна јурисдикција, што го извршува даночната администрација на таа јурисдикција, а што кореспондира со примарното приспособување што го извршила даночната администрација во првата даночна јурисдикција, така што распределбата на добивката од страна на двете јурисдикции е доследна. Маржа на цената на чинење Маржа што се мери врз основа на маржите што се пресметуваат врз основа на директните и индиректните трошоци направени од страна на добавувачот на одреден имот или услуги во определена трансакција. Маркетиншки нематеријален имот Нематеријален имот што се однесува на одредени маркетинг активности со што се помага комерцијалната експлоатација на одреден производ или услуга и/или што поседува значајна промоциска вредност за тој производ. Метод на директна наплата Метод според кој се врши непосредна наплата за конкретни услуги во рамките на групата, врз јасно утврдени основи. Метод на индиректна наплата Метод за наплата за услуги остварени во рамките на групата што се темели врз методите за алокација и распоредување на трошоците. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ