OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 288

286 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА се дефинира начинот на кој ризиците натаму ќе се делат меѓу страните. Договорните односи се појдовната точка при утврдувањето која страна во конкретна трансакција го сноси ризикот поврзан со таа трансакција. Оттука, би претставувало добра практика поврзаните претпријатија да ги документираат своите одлуки за алоцирање или трансферирање на значајните ризици во пишана форма, пред да се извршат трансакциите со кои ќе се алоцираат или трансферираат ризиците, и да го документираат оценувањето на последиците врз потенцијалот за остварување добивка од значајните реалокации на ризиците. Како што беше наведено во параграф 1.52, условите на конкретна трансакција можат да се најдат во пишаните договори или во преписките и/или други видови комуникација меѓу страните. Доколку условите не се изготвени во пишана форма, информации во врска со договорните релации меѓу страните можат да се изведат од нивното постапување и од економските принципи кои најчесто ги регулираат односите меѓу независни претпријатија. 9.12 Сепак, како што беше спомнато во параграф 1.47 до 1.53, даноч­ ната администрација има право да ја оспори прикажаната договорна алокација на ризикот меѓу поврзаните претпријатија доколку истата не е конзистентна со економската суштина на трансакцијата. Поради тоа, при анализата на алокацијата на ризици меѓу поврзаните претпријатија и на последиците од таа алокација од аспект на примена на трансферните цени, важно е да се анализираат, не само договорните услови туку и следниве дополнителни прашања: • Дали постапувањето на поврзаните претпријатија е во согласност со договорната алокација на ризиците? (Да се погледне Дел Б.1 од натамошниот текст.) • Дали алокацијата на ризици во рамките на контролираната трансакција е „дофат на рака“? • Кои се последиците од алокацијата на ризици? (Да се погледне Дел Б.3 од натамошниот текст.) Б.1 Дали постапките на поврзаните претпријатија се во согласност со договорната алокација на ризиците? 9.13 Во трансакциите меѓу независни претпријатија, различните интереси меѓу страните гарантираат дека тие ќе настојуваат меѓусебно да се придржуваат на условите на договорот и дека договорните услови ќе се игнорираат или ќе се менуваат само доколку тоа е во интерес на обете страни. Таквото разминување на интересите може да не постои кај поврзаните претпријатија, па затоа е важно да се анализира дали начинот ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ