OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 287

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 285 Дел I: Посебни аспекти во врска со ризиците А. Вовед 9.10 Ризиците имаат клучно значење во контекст на деловните преструктурирања. Анализата на алокацијата на ризиците меѓу поврзаните претпријатија претставува еден од суштествените делови од функционалната анализа. На слободен пазар, преземањето на поголем ризик вообичаено е проследено со зголемување на очекуваниот принос, иако зголемувањето на фактичкиот принос ќе зависи од степенот до кој ризиците фактички се реализираат (да се погледне параграф 1.45). Како резултат на деловните преструктурирања, локалните деловни активности може да се конвертираат во деловни активности со низок степен на ризик (на пример, „дистрибутери со низок степен на ризик“ или „договорни производители со низок степен на ризик“) при што им се алоцира релативно низок (но генерално стабилен) степен на принос врз основа на фактот дека претприемачките ризици ги сноси некоја друга страна до која се распределува резидуалната добивка. Од тие причини, важно е даночната администрација да ја оцени реалокацијата на значајните ризици на деловното претпријатие што се преструктурира, како и последиците што таа реалокација ги има за самото преструктурирање и за трансакциите што се вршат по неговото завршување во однос на примената на принципот „дофат на рака“. Во овој дел опфатена е алокацијата на ризици меѓу поврзани претпријатија во контекст на член 9, а особено во контекст на толкувањето и на примената на параграф 1.47 до 1.53. Целта на ова поглавје е да понуди општи насоки во однос на оние ризици што ќе бидат релевантни за конкретни прашања за кои станува збор на други места во ова поглавје, вклучувајќи ги и анализата од Дел II во врска со надоместот за самото преструктурирање во согласност со принципот дофат на рака“, анализата од Дел III во врска со надоместот за контролираните трансакции по преструктурирањето и анализата од Дел IV, во врска со признавањето или со непризнавањето на трансакциите што ги прикажува даночниот обврзник. Б. Договорни услови 9.11 За разлика од Одобрениот пристап на ОЕЦД разработен за член 7, анализата на ризици во контекст на член 9 тргнува од анализата на договорните услови меѓу страните бидејќи со договорните услови најчесто ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ