OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 281

ПОГЛАВЈЕ VIII: СПОГОДБИ ЗА УЧЕСТВО ВО ТРОШОЦИТЕ – 279 8.42 Следниве информации се релевантни и полезни во врска со појдовните услови на СУТ: а) листа со учесници; б) листа со сите други поврзани претпријатија кои ќе бидат ангажирани како дел од активноста на СУТ или што се очекува дека ќе ги користат или ќе ги применуваат резултатите од предметната активност: в) делокруг на активностите и на конкретните проекти опфатени со СУТ; г) времетраење на спогодбата; д) начин на кој се мери пропорционалниот удел на учесниците во очекуваните користи, како и сите проекции што се користат при мерењето; ѓ) форма и вредност на првичниот придонес од страна на секој учесник одделно и детален опис на начинот на кој се утврдува вредноста на првичниот и на тековниот придонес, како и опис на начинот на кој сметководствените принципи доследно се применуваат за сите учесници при утврдување на трошоците и на вредноста на придонесот; е) очекувана поделба меѓу учесниците и другите претпријатија на одговорностите и на задачите поврзани со активноста на СУТ; ж) постапката и последиците при пристапувањето во СУТ или истапувањето од истата и при раскинување на спогодбата; и з) сите одредби во врска со плаќањата заради порамнување или со приспособување на условите на спогодбата со цел да се одразат промените во економските околности. 8.43 За време на важноста на СУТ, полезни можат да бидат следниве информации: а) секоја промена во спогодбата (на пример, во однос на условите, учесниците, предметната активност) и последици од таа промена; б) споредба меѓу проекциите применети за да се определат очекуваните користи од активноста на СУТ и фактичките резултати (сепак, притоа треба да се има предвид и параграф 3.74); и в) трошоците на годишно ниво направени при реализацијата на активноста на СУТ, формата и вредноста на придонесот што секој ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ