OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 280

278 – ПОГЛАВЈЕ VIII: СПОГОДБИ ЗА УЧЕСТВО ВО ТРОШОЦИТЕ индиректно (а не само од извршување на дел од таа активност или на целата таа активност). Да се погледне параграф 8.10; б) Спогодбата ги прецизира природата и степенот на корисничкиот удел на секој учесник во резултатите од активноста на СУТ; в) Нема да бидат направени никакви други плаќања за остварување на кориснички удел во имотот, услугите или во правата стекнати низ СУТ, освен придонесите кон СУТ, соодветни плаќања заради порамнување и влезни плаќања; г) Пропорционалниот удел на придонесите се утврдува на соодветен начин со примена на метод за алоцирање кој ја одразува поделбата на очекуваните користи од спогодбата; д) Спогодбата остава простор за плаќања заради порамнување или за менување на алокацијата на придонесите во иднина односно проспективно, по одреден реален временски период, како одраз на промените во пропорционалните удели во очекуваните користи меѓу учесниците; и ѓ) Доколку е потребно, се вршат приспособувања (вклучувајќи ги и влезните и излезните плаќања) при пристапувањето или истапувањето на одреден учесник и при раскинување на спогодбата. 8.41 Како што е наведено во Поглавје V во врска со документирањето, во согласност со принципите на внимателно деловно управување, учесниците би требало да изготват или набават материјали поврзани со природата на предметната активност, условите на спогодбата и нејзината доследност со принципот „дофат на рака“. Секој учесник треба да поседува целосен пристап до деталите во врска со активностите што треба да се спроведат во рамки на СУТ, проекциите врз кои ќе треба да се реализираат придонесите за утврдените очекувани поволности, како и во врска со буџетираните и фактичките трошоци за активноста односно за функционирањето на СУТ. Сите овие информации можат да бидат релевантни и полезни за даночната администрација во контекст на СУТ, а даночниот обврзник треба да е подготвен овие информации да ги достави на барање. Информациите релевантни за која било конкретна СУТ зависат од конкретните фак