OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 279

ПОГЛАВЈЕ VIII: СПОГОДБИ ЗА УЧЕСТВО ВО ТРОШОЦИТЕ – 277 8.36 Постојат примери во кои отсуството на влезни или излезни плаќања не претставува проблем. На пример, вакви одредби не се потребни доколку спогодбата е исклучиво за обезбедување услуги што учесниците заеднички ги купуваат и за кои заеднички плаќаат врз тековна основа, а услугите не резултираат со создавањето каков било имот или право. 8.37 Кога претпријатието влегува во СУТ или кога истапува од неа, можно е да биде неопходно да се приспособат пропорционалните удели на придонесите (врз основа на промените кај пропорционалните удели во очекуваните користи) за зголемениот или намалениот број учесници кои остануваат во спогодбата по влезот или истапувањето. 8.38 Можно е да има случаи каде што, иако СУТ не содржи услови во врска со последиците од влезот или истапувањето на учесници, самите учесници да реализираат соодветни влезни и излезни плаќања и да ги приспособат пропорционалните удели на придонесите (како одраз на промените кај пропорционалните удели во очекуваните користи) во услови кога дошло до промени кај учесниците во конкретната спогодба. Непостоењето изречни конкретни услови не треба да го спречи заклучокот дека СУТ постои во однос на претходни активности, под услов намерите и постапувањето на уче