OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 275

ПОГЛАВЈЕ VIII: СПОГОДБИ ЗА УЧЕСТВО ВО ТРОШОЦИТЕ – 273 Г. Даночни последици доколку СУТ не е во согласност со принципот „дофат на рака“ 8.26 Се смета дека една СУТ е во согласност со принципот „дофат на рака“ кога пропорционалниот удел од секој учесник одделно во севкупните придонеси кон спогодбата, приспособен за износот на сите плаќања заради порамнување, е конзистентен со пропорционалниот удел на тој учесник во севкупната очекувана корист што треба да се оствари од спогодбата. Во спротивно, надоместот што го прима најмалку еден од учесниците за својот придонес е несоодветен односно надоместот што го прима најмалку еден друг учесник за својот придонес е прекумерен во однос на она што би го примиле независни претпријатија. Во таков случај, принципот „дофат на рака“ налага да се изврши приспособување. Природата на приспособувањето зависи од конкретните факти и околности, меѓутоа, најчесто претставува приспособување кај нетопридонес преку реализирање или припишување на плаќање заради порамнување. Онаму каде што комерцијалната реалност на спогодбата се разликува од условите првично договорени меѓу учесниците, соодветно е да не се земат предвид дел или сите услови содржани во СУТ. За овие ситуации станува збор во натамошниот текст. Г.1 Приспособувања на придонесите 8.27 Кога пропорционалниот удел на еден учесник во севкупните придонеси во СУТ, приспособен за сите плаќања заради порамнување, не е конзистентен со неговиот сразмерен удел во севкупните очекувани користи што треба да се остварат од спогодбата, даночната администрација има право да го приспособи придонесот на учесникот (иако треба да се има на ум дека даночните администрации треба да избегнуваат вршење на минорни или маргинални приспособувања). Да се погледне параграф 2.10. Ваква ситуација може да настане кога мерењето на пропорционалните придонеси од страна на учесникот во однос на имот или услуги не е правилно определен или кога е направена неточна оцена на пропорционалните очекувани користи за учесникот, на пример, кога клучот за алокација, по утврдувањето или по присп