OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 270

268 – ПОГЛАВЈЕ VIII: СПОГОДБИ ЗА УЧЕСТВО ВО ТРОШОЦИТЕ 8.12 Во некои случаи, учесниците во СУТ можат да одлучат дека сета предметна активност или еден нејзин дел ќе се извршува од страна на посебно претпријатие кое не е учесник во спогодбата, според стандардот од параграф 8.10 во претходниот текст. Во таков случај, доколку станува збор за договорно истражување и/или производство, надоместот во согласност со принципот „дофат на рака“ е соодветен со цел на претпријатието да му се надомести за услугите што ги обезбедува за учесниците во СУТ. Ова би било случај дури и кога, на пример, претпријатието е зависно претпријатие на еден или на повеќе учесници во СУТ и е основано со цел да обезбеди ограничена изложеност на одговорност од штети, во случај да станува збор за високоризична активност на истражување и развој во рамките на СУТ. Надоместот во согласност со принципот „дофат на рака“ за претпријатието се утврдува во согласност со општите принципи од Поглавје I, вклучувајќи ги, меѓу останатото, и извршените функции, користените средства и преземените ризици, како и посебните аспекти кои влијаат врз надоместот за услугите во согласност со принципот „дофат на рака“, како што е опишано во Поглавје VII, особено во параграф 7.29 до 7.37. В.3 Износ на придонесите на секој учесник 8.13 За да се утврди дали една СУТ е во согласност со принципот „дофат на рака“ односно дали пропорционалниот удел од секој учесник одделно во севкупните придонеси кон спогодбата е во согласност со пропорционалниот удел на тој учесник во севкупната очекувана корист неопходно е да се измери односно да се утврди вредноста или износот на придонесите кон спогодбата од страна на секој учесник одделно. 8.14 Во согласност со принципот „дофат на рака“, вредноста на придонесот на секој учесник одделно треба да е во доследност со вредноста што на тој придонес во споредливи околности би му ја доделиле независни претпријатија. Затоа, при определување на вредноста на придонесите кон СУТ треба да се следат насоките од Поглавје I до VII од овие Насоки. На пример, како што е наведено во Поглавје I од овие Насоки, со примената на принципот „дофат на рака“, меѓу останатото, предвид би се земале и договорните услови и економските состојби карактеристични за СУТ, на пример, начинот на кој се споделуваат ризиците и трошоците. 8.15 Не постои конкретно решение што би важело во сите ситуации, туку настанатите проблеми мора да се решаваат за секој случај одделно, во согласност со општата примена на принципот „дофат на рака“. Државите имаат искуство во однос на примената на трошоците и пазарни цени за потребите на мерење на вредноста на придонесите кон СУТ, во ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ