OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 269

ПОГЛАВЈЕ VIII: СПОГОДБИ ЗА УЧЕСТВО ВО ТРОШОЦИТЕ – 267 претпријатија да прифатат спогодба за здружување ресурси и вештини. Независните претпријатија бараат пропорционалниот удел на секој учесник одделно во фактичките севкупни придонеси кон спогодбата, да е конзистентен со пропорционалниот удел на тој учесник во севкупните очекувани поволности што треба да се остварат со примена на спогодбата. Поради тоа, за примена на принципот „дофат на рака“ во однос на СУТ, неопходно е да се утврди дека сите страни во спогодбата очекуваат конкретни поволности, потоа да се пресмета релативниот придонес на секој посебен учесник кон заедничката активност (паричен и непаричен) и, најпосле, да се утврди дали е правилна алокацијата на придонесите кон СУТ (со извршени приспособувања за сите плаќања заради порамнување меѓу учесниците). Треба да се напомене дека е можно да се појави одреден степен на несигурност кај утврдувањето на овие факти. Постои можност придонесите да се распределат меѓу учесниците во СУТ на начин што ќе резултира со преценување на добивката која подлежи на оданочување во некои земји, и потценување на оданочливите добивки во други земји, во согласност со принципот „дофат на рака“. Од таа причина, даночните обврзници треба да се подготвени да ја поткрепат основата за правата кои произлегуваат во однос на СУТ (да се погледне Дел Ѓ). В.2 Определување на учесниците 8.10 Бидејќи концептот на заемна корист е од фундаментално значење за СУТ, произлегува дека една страна нема да може да се смета за учесник во спогодбата доколку реално не очекува дека ќе оствари корист од самото спроведување на СУТ (а не само од извршувањето на дел или на сите активности од спогодбата). Затоа, учесникот мора да поседува право на учество во имотот или на услугите што се предмет на СУТ и реално да очекува дека ќе биде во состојба, директно или индиректно (на пример, преку спогодби за лиценци или продажба, до поврзани или до независни претпријатија да го користи или да го употребува правото што му било доделено. 8.11 Барањето за очекувана корист не го наметнува условот за фактичка успешност на предметната активност. На пример, можно е од истражувањето и развојот да не се изведе комерцијално исплатливо нематеријално средство. Меѓутоа, доколку и натаму не се создаде каква било фактичка корист од активноста во одреден в FB