OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 268

266 – ПОГЛАВЈЕ VIII: СПОГОДБИ ЗА УЧЕСТВО ВО ТРОШОЦИТЕ од плаќање надомест за користење на авторско право или друг вид надомест за користење на создадениот имот во согласност со интересот што го стекнал тој конкретен учесник. 8.7 Веројатно најчести се СУТ за истражување и развој на нематеријален имот, меѓутоа, тие сепак не мора да се ограничени само на оваа дејност. СУТ можат да постојат и за секое заедничко финансирање или споделување на трошоците и на ризиците, за создавање или за купување имот или за обезбедување на услуги. На пример, деловните субјекти можат да одлучат да ги здружат меѓусебните ресурси заради купување централизирани услуги на управување или заради осмислување рекламни кампањи кои се заеднички за пазарите на учесниците. В. Примена на принципот „дофат на рака“ В.1 Општо 8.8 Со цел условите од СУТ да бидат во согласност со принципот „дофат на рака“, придонесите на учесникот мора да бидат доследни на придонесот на кој независно претпријатие би се согласило во споредливи околности, а имајќи ги предвид поволностите што реално очекува да ги оствари од спогодбата. Она што ги разликува придонесите кон една СУТ од обичен внатре-групациски промет со стоки или услуги, е фактот дека дел од надоместот или сиот надомест што го планираат учесниците, се очекуваните користи за секој од нив од заедничкото здружување ресурси и вештини. Независните претпријатија склучуваат спогодби за да споделат трошоци и ризици кога постои заедничка потреба од која претпријатијата заемно можат да ползуваат. На п FB