OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 265

ПОГЛАВЈЕ VIII: СПОГОДБИ ЗА УЧЕСТВО ВО ТРОШОЦИТЕ – 263 Поглавје VIII Спогодби за учество во трошоците А. Вовед 8.1 Во ова поглавје станува збор за спогодбите за учество во трошоците (СУТ) меѓу две или повеќе поврзани претпријатија (со можност за вклучување и на независни претпријатија во истите). Постојат бројни видови СУТ, а намерата во ова поглавје не е да се опишат даночните последици од секоја поединечна опција. Целта е да се понудат општи насоки според кои се утврдува дали условите договорени меѓу независните претпријатија за конкретна СУТ се во согласност со принципот „дофат на рака“. Даночните последици од една СУТ зависат од тоа дали спогодбата е структурирана во согласност со принципот „дофат на рака“ и насоките од ова поглавје и дали истата е соодветно документирана. Во ова поглавје не се опфатени сите значајни прашања во однос на администрирањето на СУТ и во однос на даночните последици од истите. На пример, можно е да бидат потребни дополнителни насоки во врска со мерењето на вредноста на придонесите во СУТ, а особено во врска со тоа кога се соодветни трошоците или пак пазарните цени и ефектот што го имаат владините субвенции или даночните поттикнувања (да се погледне параграф 8.15 и 8.17). Од полза би биле дополнителни насоки во однос на определувањето на карактерот на вложувањата од аспект на даноците, плаќањата заради порамнување и плаќањата при пристапувањето кон спогодбата и истапувањето од неа (да се погледне параграф 8.23, 8.25, 8.33 и 8.35). Ова поглавје дополнително ќе се разработува врз основа на искуствата што ќе се стекнат при фактичката примена на СУТ. 8.2 Во Делот Б се содржани општа дефиниција и преглед на концептот на СУТ. Во Делот В се опишува стандардот според кој се утврдува дали ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ