OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 264

262 – ПОГЛАВЈЕ VII: ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВНАТРЕ-ГРУПАЦИСКИ УСЛУГИ 7.40 Договорното производство е друг пример за активности каде што составен дел можат да бидат внатре-групациските услугите. Во такви случаи, производителот може да добие детални инструкции за тоа што да произведува, во колкаво количество и со каков квалитет. Производственото претпријатие носи ниско ниво на ризик и му се гарантира дека ќе се откупи целото негово производство, под услов да бидат исполнети барањата во однос на квалитетот. Во таков случај, производственото претпријатие може да се смета како вршител на одредена услуга, при што соодветно е да се примени методот на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка, а во согласност со принципите од Поглавје II. 7.41 Договорното истражување е пример за внатре-групациска услуга каде што е вклучен високо обучен кадар, што честопати е од суштествено значење за успешноста на групата. Самите договорни услови можат да се јават во најразлични форми, од реализирање детални програми утврдени од страна на нарачателот на услугата, па сè до спогодби со кои истражувачкото претпријатие добива дискреционо право да работи во рамките на многу општо деф