OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 261

ПОГЛАВЈЕ VII: ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВНАТРЕ-ГРУПАЦИСКИ УСЛУГИ – 259 маркетиншка активност би можеле prima facie да бидат премногу големи за да може да ги понесе одредена членка на групата имајќи ги предвид нејзините моментални ресурси; при утврдувањето дали пресметувањето на надоместокот за услугата во таков случај е во согласност со принципот „дофат на рака“ предвид треба да се земат очекуваните користи од целата активност и можноста износот и времето на тој надоместок евентуално да зависат од резултатот на целата активност. Во такви случаи, даночниот обврзник треба да биде подготвен да ја докаже основаноста на своите пресметани надоместоци за реализирани услуги до поврзани претпријатија. 7.33 Зависно од методот што се користи за да се утврди надоместокот во согласност со принципот „дофат на рака“ за реализираните услуги во рамките на групата, може да се постави прашањето дали е неопходно надоместокот да биде таков што ќе резултира со одредена добивка за давателот на услугата. При трансакција во согласност со принципот „дофат на рака“, независното претпријатие обично би настојувало од наплатата за услугите да оствари одредена добивка место услугите да ги реализира по цена со која само ќе ги покрие остварените трошоци. Кога се определува надоместокот за реализираната услуга во согласност со принципот „дофат на рака“, предвид треба да се земат и економските алтернативи што му стојат на располагање на корисникот на услугата. Меѓутоа, постојат околности (како на пример, околностите за деловните стратегии обработени во Поглавје I) во кои е можно независното претпријатие да не оствари добивка само од реализирањето услужни активности, на пример, кога трошоците на давателот на услугата (очекувани или фактички) ја надминуваат пазарната цена, меѓутоа давателот на услугата се согласува да ја реализира услугата со цел да ја зголеми сопствената профитабилност, евентуално со надополнување на сопствениот опсег на дејности. Поради тоа, не секогаш мора да се случи цената во согласност со принципот „дофат на рака“ да резултира со одредена добивка за поврзаното претпријатие кое ја реализира услугата во рамките на групата. 7.34 На пример, може да се случи пазарната вредност на услугите што се реализираат во рамките на групата да не е поголема од трошоците што ги направил давателот на услугата. Ова може да се случи, на пример, кога услугата не е некоја вообичаена или често повторувана активност на самиот давател на услугата, туку истата се нуди повремено, со цел да им се излезе во пресрет на практичните потреби на ГМНП. Кога се утврдува дали услугите што се реализираат во рамките на групата претставуваат вредност за парите, која е иста како вредноста што би можела да се добие од независно претпријатие, споредбата на функциите и на очекуваните користи би можела да биде релевантна за утврдување на споредливоста на трансакциите. Можно е ГМНП, сепак да се реши да ја реализира услугата ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ