OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 259

ПОГЛАВЈЕ VII: ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВНАТРЕ-ГРУПАЦИСКИ УСЛУГИ – 257 7.27 Кога се применува методот на индиректна наплата, релацијата меѓу надоместокот за обезбедените услуги и самите обезбедени услуги може да стане нејасна, и може да биде комплексно да се оцени вредноста на користа што се создава како резултат на услугата. Всушност, тоа може да значи дека претпријатието од кое се наплатува одредена услуга, надоместокот за услугата не го поврзало со самата услуга. Поради тоа, се јавува зголемен ризик од двојно оданочување, бидејќи можно е да не се признае намалување на даночната основа за трошоците направени за членките на групата во оние случаи каде што соодветниот надомест не може едноставно да се утврди односно доколку во врска со одреден платен надоместок, корисникот на услугата не може да докаже дека услугите биле реализирани. 7.28 Кога се утврдуваат условите под кои се наплатуваат надоместоци за резервирање (retainer) на услуги „на повик“(како што стана збор во параграф 7.16 и 7.17), можно е да биде неопходно детално да се анализираат условите за фактичкото користење на тие услуги бидејќи тие можат да содржат и одредби според кои не се наплатува никаков износ за самото користење на услугите, сè до моментот кога обемот на користење не надмине одредено претходно утврдено ниво. Б.2.3 Пресметување на надоместокот во согласност со принципот „дофат на рака“ 7.29 При обидот да се утврди цената во согласност со принципот „дофат на рака“ во однос на услугите што се реализираат во рамките на групата, прашањето треба да се разгледа, како од гледна точка на давателот на услугата така и од гледна точка на корисникот на услугата. Во оваа смисла, во релевантните аспекти што треба да се имаат предвид спаѓаат вредноста што услугата ја има за корисникот и колкав износ споредливо независно претпријатие би било подготвено да плати за таа услуга во споредливи околности, како и трошоците за давателот на услуги. 7.30 На пример, од гледна точка на независно претпријатие кое има потреба од одредена услуга, B