OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 257

ПОГЛАВЈЕ VII: ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВНАТРЕ-ГРУПАЦИСКИ УСЛУГИ – 255 применуваат методот на директна наплата во однос на нивните трансакции со поврзаните претпријатија. Меѓутоа, можно е овој пристап да не биде соодветен доколку, на пример, услугите до независните претпријатија се само повремени или маргинални. 7.22 Методот на директна наплата во бројни случаи може да биде комплексен за практична примена од страна на ГМНП, заради што тие имаат разработено други методи врз основа на кои се наплатува за услугите реализирани од страна на матичните претпријатија или на сервисните центри на групата. Во такви случаи, практиката на ГМНП за наплата за услугите реализирани во рамките на групата, често е да изготвуваат аранжмани кои се: а) едноставни за идентификување, но не се темелат врз методот на директна наплата; или б) не се едноставни за идентификување и се инкорпорирани во надоместокот што треба да се плати за други трансфери, или се алоцираат меѓу членките на групат B