OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 255

ПОГЛАВЈЕ VII: ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВНАТРЕ-ГРУПАЦИСКИ УСЛУГИ – 253 7.16 Друго прашање настанува во однос на услугите што се обезбедуваат „на повик“. Прашањето е дали расположливоста на овие услуги, како таква, претставува посебна услуга за која треба да се определи надомест во согласност со принципот „дофат на рака“ (покрај другиот надомест за фактички реализираните услуги). Матичното претпријатие или сервисниот центар можат во секој момент на членките на групата да им пружат услуги како на пример, финансиски, раководни, технички услуги, услуги на правни или даночни совети и поддршка, при што вработените, опрема и сл. се ставаат на располагање. Обезбедувањето услуга во рамките на групата би постоело до степен до кој би било реално да се очекува од едно независно претпријатие во споредливи околности да плати надомест за постојана подготвеност односно „стенд-бај“, со цел да користи услуги во моментот кога за нив ќе настане потреба. На пример, не е невообичаена појава независното претпријатие да плаќа годишен надомест на адвокатска фирма за да обезбеди правни совети и застапување доколку биде покрената судска постапка. Друг пример е договор за услуги за приоритетна поправка на компјутерската мрежа во случај да дојде до дефект на истата. 7.17 Овие услуги можат да бидат достапни „на повик“ и од година во година да се разликуваат според обемот и според значајноста. Малку е веројатно дека независното претпријатие би плаќало надомест за услуги „на повик“ во случај кога не е голема веројатноста да настане потреба од конкретната услуга, кога е занемарлива предноста од тоа да се ангажираат услуги „на повик“ или кога до услугите „на повик“ може да се дојде брзо и лесно и од други извори, без потреба однапред да се склучуваат договори. Затоа, кога се утврдува дали се обезбедува услуга во рамките на групата, треба да се разгледаат користите кои произлегуваат за претпријатието од групата од договорите за услуги „на повик“, евентуално со анализирање на степенот до кој конкретните услуги се користеле во период од неколку години, а не само во годината во која треба да се наплатат. 7.18 Фактот што било реализирано плаќање до поврзаното прет­ пријатие за наводно извршените услуги може да биде од полза кога се утврдува дали самите услуги фактички биле реализирани, меѓутоа, не треба да се очекува дека само описот на плаќањето како, на пример, „надомест за менаџмент услуги“ треба да се третира како prima facie доказ дека овие услуги фактички биле реализирани. Истовремено, отсуството на плаќања или договори за вршење услуги не треба автоматски да наведува на заклучок дека не биле реализирани никакви услуги во рамките на групата. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ