OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 253

ПОГЛАВЈЕ VII: ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВНАТРЕ-ГРУПАЦИСКИ УСЛУГИ – 251 рамките на дефиницијата за активности на акционерите, како што истата е содржана во овие Насоки, се утврдува зависно од тоа дали, имајќи ги предвид споредливите факти и околности, станува збор за активност за која независното претпријатие би било подготвено да плати или да ја изврши самото за себе. 7.11 Општо земено, не треба да се смета дека дошло до обезбедување услуги во рамките на групата доколку станува збор за активности што ги презема една членка на групата, а со кои само се дуплира услугата што друга членка на групата ја врши за себеси или што трета страна ја врши за нејзе. Исклучок може да биде ситуацијата каде што дуплирањето на услугите е само привремено, на пример, кога ГМНП се реорганизира за да ги централизира своите раководни функции. Друг исклучок би била ситуацијата во која дуплирањето се спроведува со цел да се намали ризикот од донесување на погрешна деловна одлука (на пример, ако се бара второ правно мислење за одредена тема). 7.12 Постојат случаи каде што услугата што ја врши одредена членка на групата, како на пример, акционер или центар за координирање, се обезбедува само за одредени членки од групата, но повремено се остваруваат поволности и за другите членки од таа група. Примери претставуваат анализирање на прашањата дали да се реорганизира групата, дали да се купат нови членки во групата или дали да се укине одреден сектор. Овие активности можат да претставуваат услуги во рамките на групата за конкретните засегнати членки на групата, на пример, за оние членки кои ќе го реализираат купувањето или ќе укинат некој од своите сектори, меѓутоа, овие активности можат исто така да создадат економски поволности за другите членки од групата кои не се директно засегнати од одлуката, преку зголемување на ефикасноста, економиите на обем или други синер