OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 252

250 – ПОГЛАВЈЕ VII: ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВНАТРЕ-ГРУПАЦИСКИ УСЛУГИ 7.9 Во случаите кога поврзаното претпријатие презема активности кои се однесуваат на повеќе од една членка на групата или се однесуваат на групата како целина потребна е покомплексна анализа. Во мал број на случаи може да се изврши одредена внатре-групациска активност што се однесува на членките на групата, иако тие членки немаат потреба од таа активност (и не би платиле за активноста кога би биле независни претпријатија). Пример претставува активност што една членка на групата (обично матичното претпријатие или регионално холдинг-претпријатие) ја врши исклучиво заради својот сопственички интерес во една или во повеќе други членки на групата односно во својство на акционер. Овој вид на активности не би оправдале плаќање за таквите услуги од страна на корисниците. Истата може да се нарече „активност на акционерот“, што се разликува од поширокиот поим „управувачка активност“,што беше користен во Извештајот од 1979 година. Управувачките активности вклучуваат повеќе активности од страна на акционерот, кои можат да се однесуваат и на обезбедувањето услуги до другите членки на гр