OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 250

248 – ПОГЛАВЈЕ VII: ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВНАТРЕ-ГРУПАЦИСКИ УСЛУГИ независни претпријатија или од едно или повеќе поврзани претпријатија во рамките на истата ГМНП (односно, внатре-групациски), или може самата за себе да ја изврши услугата. Внатре-групациските услуги често вклучуваат услуги што можат да се обезбедат од страна на независни претпријатија (на пример, правни и сметководствени услуги), покрај услугите кои најчесто се обезбедуваат внатрешно (на пример, од страна на претпријатието самото за себе, како централна ревизија, финансиско советување или обука на персоналот). 7.3 Внатре-групациските договори за обезбедување услуги понекогаш се поврзани со договорите за промет на стоки или на нематеријален имот (или за нивно издавање под лиценца). Во некои случаи, како на пример, кај договорите за стручни знаења (know-how) кои содржат и елемент на обезбедување услуги, може да биде многу тешко да се разграничи прометот со или лиценцирањето на едно средство од прометот на услуги. Помошните услуги често пати се поврзуваат со трансферот на технологија. Од тие причини, можно е да биде неопходно да се земат предвид принципите за агрегирање и за сегрегирање на трансакциите од Поглавје III, каде што станува збор за комбиниран промет на услуги и на средства. 7.4 Внатре-групациските услужни активности можат значително да варираат помеѓу ГМНП, исто како и степенот до кој тие активности создаваат поволности или пак се очекува да остварат поволности за една или за повеќе членки на групата. Секој случај одделно зависи од конкретните факти и околности, како и од договорите во рамките на самата група. На пример, во една децентрализирана група, матичното претпријатие може да го ограничи своето дејствување во рамките на групата само на следење на сопствените инвестиции во зависните претпријатија, во својство на акционер. Наспроти тоа, кај централизирана или интегрирана група, одборот на директори и повисокото ниво на менаџментот на матичното претпријатие можат да ги носат сите значајни одлуки во врска со работењето на зависните претпријатија, и притоа матичното претпријатие може да ги врши сите функции во делот на маркетингот, обуката и финансиите. Б. Главни прашања 7.5 Кога станува збор за анализата на трансферните цени за внатрегрупациските услугите, треба да се разгледаат две важни прашања. Едното прашање е дали услугите што се реализираат во рамките на групата, навистина биле реализирани. Другото прашање е колкав треба ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ