OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 246

244 – ПОГЛАВЈЕ VI: ПОСЕБНИ АСПЕКТИ ЗА НЕМАТЕРИЈАЛНИОТ ИМОТ називи што ги промовираат (на пример, дистрибутер на брендирани производи). Во таков случај, неопходно е да се утврди на кој начин да биде утврден надоместокот на трговецот за неговите активности. Прашањето е дали трговецот треба да се поистовети со давател на услуги односно давател на промотивни услуги односно дали постојат случаи во кои трговецот треба да учествува во секој дополнителен принос што му се припишува на маркетиншкиот нематеријален имот. Дополнително прашање е на кој начин може да се идентификува приносот што може да му се припише на маркетиншкиот нематеријален имот. 6.37 Во однос на прашањето дали трговецот има право на одреден принос од маркетиншкиот нематеријален имот над нивото на вооби­ чаениот принос од маркетиншки активности, анализата налага оцена на обврските и на правата што се наметнуваат со спогодбата меѓу страните. Често се случува приносот од маркетиншките активности да е соодветен и доволен. Пример претставува случај кога еден дистрибутер дејствува само како посредник, на кого сопственикот на маркетиншкиот нематеријален имот му ги надоместува настанатите промотивни трошоци. Во таков случај, дистрибутерот има право на надомест кој ќе биде соодветен само во поглед на неговите посреднички активности, а нема да има право на дел од приносот што му се припишува на маркетиншкиот нематеријален имот. 6.38 Кога трошоците од своите маркетиншки активности се фактички на товар на дистрибутерот (односно, не постои аранжман според кој сопственикот ги надоместува трошоците), како прашање се јавува степенот до кој дистрибутерот е во можност да прими одреден дел од потенцијалните користи поврзани со тие активности. Општо земено, кај трансакциите во согласност со принципот „дофат на рака“, способноста на страната која не е правен сопственик на одреден маркетиншки нематеријален имот да се стекне со идните користи од маркетиншките активности со кои се зголемува вредноста на тој нематеријален имот, главно зависи од суштината на правата на таа страна. На пример, дистрибутерот може да оствари користи од своето инвестирање во развојот на вредноста на одредена трговска марка од својот промет и удел во пазарот доколку поседува долгорочен договор за ексклузивни права за дистрибуција на производот опфатен со трговската марка. Во такви случаи, учеството на дистрибутерот во користите треба да се определува врз основа на она што еден независен дистрибутер би го остварил во споредливи околности. Во некои случаи, можно е дистрибутерот да има невообичаени маркетиншки трошоци, над износите што би ги сносел еден независен дистрибутер со слични права во однос на користа од сопствените дистрибутерски активности. Во таков случај, независниот дистрибутер може да оствари дополнителен принос од сопственикот на трговската марка, можеби преку ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ