OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 245

ПОГЛАВЈЕ VI: ПОСЕБНИ АСПЕКТИ ЗА НЕМАТЕРИЈАЛНИОТ ИМОТ – 243 во моментот кога се влегло во трансакцијата. На пример, еден таков даночен обврзник, во рана фаза, може да го пренесе нематеријалниот имот на друго поврзано претпријатие, да утврди надомест за користење на авторско дело кој не ја одразува подоцна докажаната вредност на нематеријалниот имот за даночни или за други потреби, а подоцна да заземе став дека, во моментот на преносот, не било можно да се предвиди подоцнежниот успех на производот. Во таков случај, подоцнежниот развој на настаните може да ја наведе даночната администрација да истражи што би сториле независните претпријатија врз основа на информациите кои реално биле достапни во моментот на трансакцијата. Поконкретно, треба да се разгледа дали поврзаните претпријатија имале намера и дали навистина извеле проекции што независните претпријатија би ги сметале за соодветни, имајќи ги предвид идните настани што можеле реално да се предвидат, а во светлината на ризикот од настаните што не можат да се предвидат, како и дали независните претпријатија би инсистирале на некои дополнителни заштитни мерки во однос на ризикот од големата несигурност при утврдувањето на вредноста на нематеријалниот имот. 6.34 Ако независните претпријатија во споредливи околности би инсисти­ але на клаузула за ценовно приспособување, на даночната р администрација треба да ù се дозволи да ги утврди цените врз основа на таквата клаузула. Слично на ова, ако независните претпријатија би ги сметале за фундаментални идните настани кои не можат да се предвидат, и притоа како резултат на нивното настанување би дошло до повторно преговарање околу цените во рамките на конкретна трансакција, ваквите настани би требало да доведат до измена и кај цените во една споредлива контролирана трансакција меѓу поврзаните претпријатија. 6.35 Можно е даночните администрации да не се во можност да извршат контрола на пријавата на даночниот обврзник барем неколку години откако пријавата е поднесена. Во таков случај, даночната администрација има право да го приспособи износот на надоместот во однос на сите години кои се отворени за контрола сè до моментот кога се врши контролата, а врз основа на информациите што независните претпријатија би ги искористиле во споредливи околности за да ги утврдат цените. Г. Маркетиншки активности превземени од претпријатија кои не поседуваат заштитени трговски марки или трговски називи 6.36 Во однос на примената на тран