OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 244

242 – ПОГЛАВЈЕ VI: ПОСЕБНИ АСПЕКТИ ЗА НЕМАТЕРИЈАЛНИОТ ИМОТ 6.30 Во други случаи, можно е независните претпријатија да заклучат дека утврдувањето цени што се темели само врз очекуваните користи не претставува соодветна заштита од ризиците кои произлегуваат од несигурноста при утврдувањето на вредноста на нематеријалниот имот. Во такви случаи, независните претпријатија можат да усвојат пократкорочни спогодби или во условите на спогодбата да вклучат клаузули за ценовни приспособувања со цел да се оствари заштита од натамошни настани што можеби во тој момент не можат да се предвидат. На пример, може да се утврди дека стапката на надоместокот за користење на авторското право ќе се зголемува паралелно со зголемувањето на продажбата што ја реализира корисникот на лиценцата. 6.31 Исто така, независните претпријатија можат да одлучат дека до одреден степен ќе го понесат ризикот од непредвидлив развој на настаните, но сепак, со заедничко подразбирање дека непредвидлив развој на настаните со кои се менуваат фундаменталните претпоставки врз основа на кои биле утврдени цените, ќе доведат до започнување на повторно преговарање околу условите за цените, со заемна согласност од страните. На пример, повторно преговарање во согласност со принципот „дофат на рака“ може да се случи доколку се покаже дека надоместот за користење на авторско право, кој се темели врз продажбата на даден патентиран лек, е превисок поради неочекуваниот развој на алтернативно евтино лекување. Превисокиот надомест за користење на авторското право може да го анулира поттикот кај корисникот на лиценцата за производство на лекот, во кој случај може да дојде до повторни преговори во однос на договорот (односно дали до ова фактички ќе дојде, ќе зависи од сите факти и околности). 6.32 Кога даночната администрација ги оценува цените во една контроли­рана трансакција во која станува збор за нематеријален имот, во услови кога вреднувањето на нематеријалниот имот на самиот почет