OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 243

ПОГЛАВЈЕ VI: ПОСЕБНИ АСПЕКТИ ЗА НЕМАТЕРИЈАЛНИОТ ИМОТ – 241 Дополнително, нематеријалниот имот може да наметне потреба од континуирани активности на истражување и развој, како и од постојана контрола врз квалитетот кои можат да бидат во функција на одреден опсег на производи. В.4 Утврдување цена во согласност со принципот „дофат на рака“ во случај кога утврдувањето на вредноста на нематеријалниот имот во моментот на трансакцијата е мошне несигурно1 6.28 Како што се наведува на почетокот од овој дел од текстот, нематери­алниот имот може да поседува посебен карактер што ќе го ј отежни обезбедувањето на споредливи трансакции и во некои случаи ќе го отежни утврдувањето на вредноста во моментот кога се одвива контролираната трансакција која го вклучува тој нематеријален имот. Во случаите кога утврдувањето на вредноста на нематеријалниот имот во моментот на трансакцијата е мошне несигурно, се покренува прашањето како да се утврдат цените во согласност со принципот „дофат на рака“. Ова прашање даночните обврзници, но и даночните администрации, тре