OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 240

238 – ПОГЛАВЈЕ VI: ПОСЕБНИ АСПЕКТИ ЗА НЕМАТЕРИЈАЛНИОТ ИМОТ дистрибутивната мрежа на корисникот на лиценцата; и дали корисникот на лиценцата има право да учествува во натамошен развој на имотот од страна на издавачот на лиценцата. 6.21 Кога нематеријалниот имот кој е предмет на анализа е патент, анализата на споредливост предвид треба да ги има и природата на патентот (на пример, дали станува збор за патент на производ или за патент на процес), како и степенот и времетраењето на заштитата што се овозможува според законите за патенти на релевантните земји, имајќи го предвид фактот дека постои можност нови патенти бргу да се развијат врз основа на веќе постојните патенти, така што значително може да се продолжи ефикасната заштита на нематеријалниот имот. Важни се, не само времетраењето на правната заштита, туку и должината на периодот во текот на кој постои веројатноста дека патентите ќе ја задржат својата економска вредност. Целосно нов и карактеристичен патент кој претставува значајно откритие, може бргу да ги направи веќе постојните патенти застарени и секако налага повисока цена одошто цената утврдена за патент со кој се сака да се подобри одреден процес кој веќе се раководи според постоечки патент или патент за кој веќе постојат замени. 6.22 Во другите фактори поврзани со патентите спаѓаат процесот на производство за кој се користи имотот и вредноста со која процесот учествува во конечниот производ. На пример, кога еден патентиран пронајдок опфаќа само еден елемент од одреден уред, би било несоодветно да се пресметува авторскиот надомест за пронајдокот со користење на продажната цена како репер за комплетниот производ. Во таков случај, авторскиот надомест што се темели врз одреден дел од продажната цена ќе треба предвид да ја земе релативната вредност што тој елемент ја има за другите компоненти од производот. Исто така, при анализирање на извршуваните функции (вклучувајќи ги и користените средства и преземените ризици) за трансакции чиј дел е нематеријален имот, во анализираните ризици треба да се вклучат и одговорност за штета во врска со производот и со заштитата на животната средина, кои во последно време имаат сè поголемо значење. 6.23 При утврдувањето цени во согласност со принципот „дофат на рака“ во случај на продажба или лиценцирање на нематеријален имот, можно е да се примени методот на споредливи неконтролирани цени доколку истиот сопственик извршил продажба или лиценцирање на споредлив нематеријален имот во споредливи околности до независни претпријатија. Износот на надоместот во рамките на споредливите трансакции меѓу независни претпријатија од една иста гранка, исто така може да послужи како насока, во случаи кога такви информации се достапни, а може да е соодветен и одреден опсег за утврдување цени. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ