OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 239

ПОГЛАВЈЕ VI: ПОСЕБНИ АСПЕКТИ ЗА НЕМАТЕРИЈАЛНИОТ ИМОТ – 237 Важно е предвид да се има и вредноста на услугите како што се техничка помош и обука на вработените, што издавачот на лиценцата може да ги обезбеди во поврзаност со преносот. Слично на тоа, можеби ќе треба предвид да се земат и поволностите што корисникот на лиценцата ги обезбедува за издавачот на лиценцата преку подобрувања на производите или процесите. Овие услуги треба да се вреднуваат со примена на принципот „дофат на рака“, имајќи ги предвид посебните аспекти за услугите содржани во Поглавје VII. Во оваа смисла, важно е да се прави разлика меѓу различните начини преку кои стручните знаења (know-how) се достапни. Насоки во оваа смисла се содржани во параграф11 до 11.6 од Коментарот кон Член 12 од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД. 6.19 Можно е во одредена земја да се постапува на различни начини во однос на договорот за стручни знаења и со договорот за услуги, зависно од нејзиното домашно даночно законодавство или од даночните спогодби што ги има склучено со други земји. Ова прашање дополнително ќе се разгледува од страна на Работната група бр.1 за двојно оданочување и за сродни прашања. На пример, дали задржаниот данок ќе се применува или нема да се применува врз плаќањата што се остваруваат до нерезидентите, може да зависи од начинот на кој се анализира договорот. Доколку плаќањето се смета за надомест за услугите, обично не се оданочува во земјата на потекло, освен доколку претпријатието-примател не се занимава со деловна активност во таа земја низ постојана деловна единица и надоместот се припишува кон постојаната деловна единица. Од друга страна, авторскиот надомест што се плаќа за користење на недвижниот имот, во некои земји подлежи на задржан данок. В.3 Пресметка на надомест во согласност со принципот „дофат на рака“ 6.20 Кога принципот „дофат на рака“ се применува врз контролирани трансак­ ии кои вклучуваат нематеријален имот, треба да се анализираат ц неколку посебни фактори кои се однесуваат на споредливоста меѓу контролираните и неконтролираните трансакции. Во овие фактори спаѓаат очекуваните користи од нематеријалниот имот (по можност утврдени низ пресметка на сегашната нето-вредност). Во другите фактори спаѓаат: ограничувањата врз географското подрачје во рамките на кое можат да се користат правата; ограничувањата поврзани со извозот за стоки создадени врз основа на кои било пренесени права; ексклузивниот или неексклузивниот карактер на пренесените права; капиталните инвестиции (за изградба на нови постројки или за купување посебни машини), трошоцит BԃB